27 Април, 2024
0.0531

Интерактивно дружење во ЗОО Скопје - „Аџибадем Систина“ со низа активности за месецот на мускулни дистрофии

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Под слоганот „Живот, сила и самостојност“, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по повод месецот на мускулни дистрофии, организираше интерактивно дружење со триесетина деца, кои страдаат од мускулни дистрофии во Зоолошката градина во Скопје.Преку игри и натпревари кои вклучуваат различни моторни и социјални активности, медицинскиот персонал од педијатриските амбуланти и одделенија при „Аџибадем Систина“ направи актуелна проценка  во телесните и моторните способности на овие  пациенти, кои се од клучна важност при нивното понатамошно следење и третман.  По повод месецот на мускулни дистрофии  во „Аџибадем Систина“ од почетокот на септември се изведуваат и бесплатни прегледи од страна на педијатриски кардиолог, невролог и пулмолог, за лицата кои страдаат од оваа болест.

Во рамки на одбележувањето на месецот со мускулни дистрофии во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа и стручен состанок на кој педијатри од нашата болница преку предавања ги истакнаа основните начела за дијагноза, следење и стандарди за нега  на овие пациенти, укажувајки на  потребата од кардиолошко проследување и навремена терапија. Беше обработена и респираторната функција  како и потребата од респираторна поткрепа од неинвазивна и инвазивна механичка вентилација кај пациенти со вродени мускулни дистрофии.

Мускулните дистрофии се генетски условени хронични прогресивни дегенеративни болести. Се дијагностицираат во детството кога се јавуваат првите симптоми, се следат и третираат мултидисциплинарно од страна на повеќе специјалности со оглед на засегнатоста на повеќе органи и системи. Околку 100 тина пациенти во земјава страдаат од овие ретки болести. Клиничкиот тек на болестите изискува примарно континуиран мониторинг на моторната функција, респираторната функција и состојбата на кардиоваскларниот систем, а во понатамошниот тек има  потреба од евалуација на коскеноскелетен систем, ортопедски, физијатриски,  ендокринолошки, офталмолошки и други проценки. Поради природата на болестите , пациентите имаат потреба од континуирана физикална и работна терапија, потреба од ортопедски помагала, посебна адаптација и поддршка во училишната средина како и придружба и помош од други лица. Ваквата природа на болестите освен медицински третман, бара и вклучување на општествената заедница  во подобрување на секојдневните активности, начинот и квалитетот на живот кај овие пациенти.  Се надеваме дека преку низата активности кои Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги спроведува во рамки на септември – месецот на мускулни дистрофии, придонесуваме кон зголемување на свесноста на општествената заедница за оваа група болести.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“