18 Мај, 2024
0.0263

Интел со приход од 52, 7 милијарди долари во 2013, амбициозни планови за годинава!

Објавено во: Свет 20 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Корпорацијата Интел објави годишен приход од 52,7 милијарди долари, оперативен приход од 12,3 милијарди долари, нето приход од 9,6 милијарди долари и заработувачка по акција од 1,89 долари. Компанијата заработила приближно 20,9 милијарди долари готовина од работење, платила дивиденди од 1,1 милијарди долари и искористила 528 милиони повторно да купи 22 милиони акции на берзата.

„Имавме задоволителен четврти квартал со знаци на стабилизација во сегментот на компјутери и финансиски раст во споредба со минатата година,“ изјави Главниот директор Брајан Крзанич.

„Поставивме цврста основа за нашето работење преку побрзо воведување иновација на пазарот преку најразлични платформи за процесирање. На пример, на Саемот за електроника прикажавме голем број уреди кои не беа во плановите на нашата компанија пред шест месеци.“

Инаку, Интел има амбициозна цел за 2014 година: планира своите Атом чипови да ги вметне во 40 милиони таблети, што е  четири пати повеќе од бројот на таблети во 2013 година.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков