17 Мај, 2024
0.0273

Инспиративни до срж: Во најиновативната ИТ компанија во земјава, вработените стануваат газди

Објавено во: Економија 21 Август, 2018

Добивај вести на Viber


Не се големи како „Гугл“, „Нетфликс“ или „Убер“, но Докстим (Doxteam) е најиновативната македонска ИТ компанија. Инспиративни се до срж, ја будат амбицијата и кај најмалку амбициозните – приказната на тимот предводен од основачот Глигор Дачевски не остава простор за рамнодушност. Самите се посветени на комплетно нивни софтверски решенија. Дачевски зборува во огромна страст за својата работа. Тој е еден од пионерите кои го трасираа патот на првите македонски ИТ компании, за потоа да продолжи самостојно. Компанијата е негова, но 20 отсто од акциите им ги поделил на неговите вработени, тие кои имаат посебен влог во развојот на компанијата. Од остатокот од 80 отсто кој го поседува, уште десет се резервирани за поделба. Докстим каква што е сега постои од 2008 година и таа не е само сервисна компанија, туку нуди комплетни софтверски решенија.

„Нашата приказна беше сосем поразлична, тоа што го правиме не е само сервис, туку наше сопствено знаење. Ни требаше предизвик , па решивме да излеземе на меѓународниот пазар со нешто уникатно. Имавме тројца дечки кои беа на пракса, им реков сакате ли предизвик . Почнавме да мериме движење на човек кој сака да спортува и од тоа да вадиме перформанси. GPS чипот од мобилен телефон го искористивме да испрограмираме софтвер што мери позиција на трчањето, но има и други параметри. Така ја создадовме SportyPal – апликација која беше избрана и за најдобра фитнес апликација на андроид во цел свет. Во 2009 година веќе имавме неколку милиони корисници. Ако се анализираат тие бројки, споредбено, имавме како Твитер во тоа време, на пример, вели Дачевски.


SportyPal во 2010 година била една од трите најдобри апликации заедно со Опера прелистувачот. Направиле договор и со „Сони“ и со оваа компанија го направиле првиот смарт часовник, односно SportyPal била прва апликација што е пуштена на смарт часовник. Од тој заеднички производ со Сони продале над 200.000 парчиња.

По овој производ, DoxTeam имале уште еден. Станува збор за Doхbee, софтвер за документ менаџмент, со кој сакале да се пробијат на англискиот пазар.

„Ние сме прва компанија што била одбрана да биде дел од најголемиот акцелератор во Велика Британија – Ситкемп (Seed Camp). Видовме дека не е толку лесно да те прифатат. Ни рекоа дека треба да имаме јасен бизнис план за излез на тој пазар со веќе постоечки клиенти, но и голема екипа, или пак да се поклопиме со инвеститорот на емоционална основа. За жал не успеавме и се вративме дома. Тогаш реков не може скок одма, јас знам како се прави софтвер и ќе го правам тоа, вели Дачевски.

Ова искуство ја однело компанијата во следната развојна фаза, почнале да развиваат технологија и се тргнало подобро. На тендер во Шведска на кој се јавиле  три шведски компании и на кои проценката ја вршеле независни експерти, во првиот ден на презентацијата, две од трите компании сами си заминале. Сфатиле оти македонското решение е далеку најдобро.

Моментно еден од најголемите клиенти на DoxТeam е најголемата швајцарска компанија за реосигурување, а во иднина дури 50 отсто од нивниот бизнис ќе поминува низ софтверот кој е направен овде во Македонија. Работат и за Недерман, тоа е најголемата групација која го снабдува пазарот со индустриски машини за прочистување на воздухот. Дачевски вели дека во блиска иднина во 40 од 100 фабрики на оваа фирма ќе се биде инсталран нивниот софтвер.

Најновиот производ е „Пиксфуд“. Станува збор за апликација наменета за генерацијата така наречени ,,милениумци,,-сите родени меѓу 1980 и 1990 година и има за цел да им го олесни секојдневното живеење.

„Влегуваш во маркет, сликаш некој производ, тој го препознава и ти дава на мобилниот телефон рецепт за јадење со овој производ кој одговара на твоите навики, на специфичните потреби, алергии. Пиксфуд со помош на напредни технологии како препознавање на објекти и вештачка интелигенција учи за секој негов корисник и препорачува рецепт за кој ќе може потоа да си ги набавиш и останатите производи кои ти требаат за да го направиш дома - вели Дачевски


Инаку неговата компанија доби грант од Фондот за иновации и технолошки развој за концептот на Микротика. Тоа е платформа која треба да предизвика револуција во начинот на кој се развива софтвер. Наменета е за бизнис корисници, Микротика им помага на програмерските куќи многу побрзо да постават инфраструктура за креирање софтверски апликации во cloud, односно им заштедува многу време.  За оваа високо развиена технологија за која сега има голем интерес, DoxТeam го започнале развојот пред неколку години кога како концепт сеуште било во зародиш. За инвестицијата од 700.000 евра за проектот, Докстим ќе обезбеди 55 отсто додека од Фондот ќе бидат обезбедени 45 отсто. Со средствата планирано е да се релизираат завршните развојни фази и да се претстави на глобалниот пазар час поскоро, бидејќи во оваа индустрија пресвртите се случуваат понекогаш и преку ноќ.

Дека DoxТeam се навистина иновативни во сите сегменти покажуваат и нивните планови за изградба на новата деловна зграда во која ќе бидат имплементирани паметни технологии какви што и самите развиваат - безбедносни системи со отпечаток од прст, простории кои ќе бидат осветлувани со помош на паметен систем кој ќе учи за навиките на вработените, на пример отворање и затварање на ролетните во зависност од светлината. На ист принцип ќе работи ладењето и загревањето, се со цел запазување на енергетската ефикасност. Фасадата ќе биде со ѕидни градини за помал енергетски отпечаток.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра