26 Април, 2024
0.0281

ИНСПЕКЦИЈАТА ДЕНЕСКА ВЛЕГУВА ВО ГРАДИНКАТА „ЦВЕТОВИ“: Дали е само детска игра или брутално насилство?

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија“ денеска ќе се спроведе вонреден инспекциски надзор, со што ќе се утврди фактичката состојбата за настанот, откако вчера пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелина Петкова на прес конференција информираше дека таму имало брутално насилство врз 10 месечно бебе и дека директорката на градинката Елизабета Стефановска се обидела да го скрие случајот.

На барање на Фактор од Министерството за труд и социјална политика ни одговорија дека случајот веднаш бил пријавен.

-Министерството за труд и социјална политика Ве информира дека директорката на посочената детска градинка го извести Министерството за настанатиот случај.

Министерството за труд и социјална политика презема соодветни дејствија во рамките на своите надлежности. Како Министерството продолжуваме да работиме отворено и транспарентно, во насока на заштита на децата и обезбедување на квалитетен предучилишен процес за секое дете, велат за Фактор од МТСП.

Во текот на вчерашното попладне и детската градинка демантираше дека станува збор за насилство. Велат дека тоа било детска игра и дека веднаш пријавиле до надлежните институции.

-Се работи за детска игра во малата група во клон Цветови каде настанале гребаници на едно од згрижените дечиња. Случајот го пријавивме до надлежното Министерство за труд и социјална политика и очекуваме надлежен инспектор од МТСП да ја посети установата. По извршениот инспекциски надзор ќе бидете известени за стручниот наод. Дотогаш тврдењето на пратеничката Петкова го сметаме за тенденциозно и политички обоено со изнесени невистини за установата. Грижата за децата е наш императив, а во соопштението на пратеничката Петкова е очигледна грижата за одземените ингеренции на градоначалникот на Општина Гевгелија врз ЈОУДГ „Детска Радост – Гевгелија“ од страна на МТСП, токму поради непостапување согласно законските надлежности во сферата на детската заштита што ги има локалната самоуправа, се наведува во демантот.

Инаку, вчера пратеничката на опозициската партија обвини дека во вторникот, во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија се случил брутален инцидент и дека 10 месечно бебе завршило во општата болница во Гевгелија со констатирани тешки телесни повреди и хематом на главата.

Истовремено посчи дека директорката на градинката се обидела да го прикрие скандалот, наместо да, преземе дејствија за санкционирање и да го пријави случајот во полициската станица во Гевгелија.

-Случајот во Полиција го пријавува родителот на бебето ден потоа. Повредите со какви се стекнало 10 месечното бебе се големи. И реакција и одговорност мора да има, рече Паткова на вчерашната прес конференција.

Анита Буховски

ФОТО: МИА


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот