13 Мај, 2024
0.0275

ИНФЛАЦИЈА: Нафтата ќе поскапува, цената на храната – удолу!?

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Договорот на членките на ОПЕК, но и тие надвор од организацијата да се намали глобалното производството на нафта, наговестува раст на цените на нафтата на светските берзи. Имено, според прогнозите, цената на “црното злато“ годинава ќе расте.

“Овој фактор,во услови на непроменети очекувања за побарувачката, е главната причина и за значителната нагорна корекција на проекцијата на цената на нафтата во 2017 година“ - велат од Народната банка.

Новите проекции на НБМ покажуваат  дека во оваа 2017 година се очекува растот на цената да биде двојно поголем во однос на октомвриските прогнози.

“Сега се очекува нејзиниот раст да биде повеќе од двојно повисок од октомвриската проекција“ - наведуваат од Народната Банка.

Во 2017 година пак, светските цени на металите се ревидирани во различна насока. Притоа, очекувањата се значително променети во поглед на цената на бакарот, којашто се предвидува дека ќе забележи двоцифрен раст, што е различно од умереното темпо што беше очекувно во октомври.

Според оценките и очекувањата, сега се предвидува натамошен пад на цената на пченицата, тренд кој започна пред четири години, за разлика од октомвриската проекција во која се предвидува нејзин мал раст. Годишната стапка на инфлација во земјава изнесуваше 0,2%.

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?