06 Мај, 2024
0.0279

Инфектологот Вело Марковски во Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе делува во областа на здравствените политики

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Еден од најистакнатите инфектолози во Македонија, д-р. Вело Марковски синоќа стана член на Ивршниот Комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако лидерот на партијата, Христијан Мицкоски синоќа го промовираше.

Македонската јавност, особено во последните неколку месеци, д-р. Марковски го знае по неговите многубројни настапи во дебатни емисии и по интерјуата дадени во медиумите, кој како инфектолог упати низа конструктивни критики во однос на корона кризата во Македонија.

Неговото место во Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ иако според многумина е изненадување, во партијата сметаат дека д-р. Марковски ќе има свое влијание во политиката особено во областа на здравствените политики.

Во однос на пандемијатана Ковид-19, инфектологот Марковски, во едно од интервјуата за Фактор нагласува дека очекувањата на луѓето дека научниците многу скоро ќе развијат вакцина, а особено поради наметнатото верување дека тоа е едиснтвен спас, е многу поопасно од самиот вирус.

Во оваа насока, професор Марковски потенцира дека доколку се развие вакцина пред пред 2022, тоа само ќе биде потврда на теориите на заговор дека со нејзиното производство е започнато пред да се појави болеста и пред да се прогласи пандемија со Ковид-19. За него, повеќе од очигледно е дека во светот постојат интереси пандемијата да потрае, бидејќи, како што појаснува, ако овој проблем беше оставен само на науката, за кус период ќе имаше разрешница. Во однос на прашањето кога ќе заврши пандемијата, тој смета дека во паника не може сигурно да се носат добри и исправни решенија. 

-Оваа пандемија веќе ги има најголемите последици по економијата, човековите права, здравјето на луѓето, а сето тоа не е поради реалните жртви од самиот вирус, туку од паниката која се создаде, вели д-р. Марковски во интервјуто дадено за Фактор.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран