Индустриски бум во Петровец?
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2013
Се најавува изградба на нови погони во индустриската зона Петровец кај Скопје. Според планот за почеток ќе се прави погон за производство на стиропор и на елементи од ПВЦ, логистики центар за процесирање производи, но и центар за чување благородни материјали и складиште.
„Ова е уште еден начин со кој се потврдуваат позитивните политики кои се спроведуваат со цел привлекување нови инвестиции“, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој потсети дека процедурите за добивање одобрение за градење се олеснети и од почетокот на месецов се издаваат електронски.
Според најавите во оваа зона наскоро ќе бидат издадени дозволи и за други објекти во индустрискиот комплекс каде треба да се сместат погони за лесна и незагадувачка индустрија, бензински пумпи, како и други деловно комерцијални објекти.