Добивај вести на Viber
Најголемата ракета која во иднина би можела да испрати астронаути во вселената денеска беше успешно лансирана во Индија од областа Шрихарикоте, во југоисточната индиска држава Андра Прадеш.
Целиот потфат ја чинеше земјата речиси 25 милиони долари.
„Ова е многу значаен ден во историјата на индиската вселенска програма“, изјавил претседателот на индиската организација за вселенски истражувања, К.С.Радакришнан.
Како што пренесува „АФП“, ракетата со себе би можела да понесе и сателит за комуникација.
Тежината на леталото изнесува речиси 630 тони и може да понесе товар од четири тони.
Дваесет минути по лансирањето празната капсула се одвоила од ракетата и паднала во Бенгалскиот залив.
Капсулата од ваков вид со себе би можела да понесе тричлен екипаж.
Премиерот на Индија, Нарендра Моди, го поздравил лансирањето на ракетата, нарекувајќи го чинот „уште еден триумф на индиските научници“.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=va3avnYhaEY[/embed]