17 Мај, 2024
0.0262

ИНЦИДЕНТ во нуклеарна централа во Украина

Објавено во: Свет 03 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Заради технички инцидент денеска е исклучен реакторот на нуклеарната централа Запорошкаја во југоисточна Украина, објавија украинските власти. Централата престанала да произведува струја, но поголема опасност нема затоа што реакторите не се загрозени, уверува украинскиот министер за енергетика Володимир Демчишин. Сепак, украинскиот премиер Арсениј Јаценјук за инцидентот побарал детална информација од надлежните. Нуклеарната централа треба да продолжи со работа на 5-ти декември. Според објаснувањето на украинските власти, техничкиот проблем се случил со системот за пренос на електрична енергија, а не во самите реактори. Инцидентот се случил уште во петокот, но јавноста во Украина за тоа дознала дури денеска, откако Јаценјук побарал извештај од министерот за енергетика за проблемите во работата на централата. Ова уште повеќе ги подгреа шпекулациите дека може да се работи за посериозен инцидент. Вознемиреноста за нуклеарната безбедност на украинските граѓани е голема, бидејќи земјата и денес се бори со последиците од катастрофата во централата Чернобил, која се случи во 1986 година.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра