Добивај вести на Viber
Овој стан има само 16 метри квадратни, но за разлика од еден класиќен стан во Македонија е со поголема висина што му дозволила на дизајнерот Стив Зауер да си игра со просторот.
Сместен во Сиетл, овој дом импресионира, на прво место , со неговите димензии. Во само 16 квадратни метри простор е сместено се. Кога ќе се погледне внатре просторот воопшто не изгледа мал.
Да , можеби е тесно грло, но тоа се должи различниот приод кон кој е прибегнато , за да се зголеми употребливиот простор.
Дизајнерот го дели на неколку одделни хоризонтални зони. На пример , канцеларијата ( или катче за читање ) е подигната на платформа над креветот и телевизорот. Има и други слични примери во целиот стан. Секој сантиметар од просторот се користи за нешто, дури и крајот на ѕидовите, каде е местото за складирање непотребни работи.