Добивај вести на Viber
Имотот со површина од 314 акри на островот Мартас Винјард се продава за дури 118 милиони долари. Цената е нов рекорд за областа на Нова Англија и реално имотот беше еден од најскапите што воопшто биле понуден на продажба по ваква цена во САД, информираат американските медиуми.
Имотот се наоѓа во Масачусетс и е во сопственост на Гери Деблоа и дел од семејството .Самата парцела има 350 метарска плажа на две слатководни езера, куќа со четири спални соби и со вкупна површина од 520 квадратни метри, фитнес сала и винска визба.
Домот има и солен базен и гостинска куќа. Дел од имотот сепак не смее да се гради поради законот за заштита на животната средина. Затоа сега сопствениците размислуваат да го поделат и да го продаваат на помали парцели. Една парцела од 100 хектари, се обидуваат да ја продадат за 31 милион долари.