17 Мај, 2024
0.0284

„Имиџ ПР“ доби престижна награда „Golden World Award“ од Меѓународната организација за односи со јавност – IPRA

Објавено во: Мои пари 22 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Наградата е доделена за комуникациската платформа  „Енергетска математика“ реализирана за ЕВН Македонија. Ова е прва ваква висока награда што IPRA ѝ ја доделува на агенција од Македонија

Меѓународната организација за односи со јавност - IPRA ѝ додели највисока награда „Golden World Award“ на агенцијата за комуникациски менаџмент и односи со јавност Имиџ ПР, за кампањата „Енергетска математика“ , која е реализирана за ЕВН Македонија. „Golden World Award“ е прва престижна награда од Меѓународната организација за односи со јавност – IPRA, што ја добива агенција од Македонија, а годинава ова е единствена висока награда доделена во регионот.

GWA WINNER

Престижната награда во конкуренција од повеќе проекти од целиот свет, Имиџ ПР ја доби во категоријата „Односи со заедницата“. Формалното доделување на наградите ќе се одржи во ноември во Доха, Катар.

Како една од првите агенции за односи со јавност на македонскиот пазар оваа награда за нас претставува огромна потврда дека нашите досегашни напори да воспоставиме високи стандарди во професијата се оправдани.Тоа нѐ позиционира на светската карта не само како агенција, туку и како земја.  Докажавме дека сме конкурентни и на светско ниво што е огромен успех.  Оваа награда за нас е само дополнителен поттик да понудиме квалитетни проекти на пазарот, што ќе бидат препознаени од клиентите и ќе помогнат во постигнување на нивните цели”, истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ директор на „Имиџ ПР”.

Logo Energetska Matematika

На развој на решенијата и продукција на видео материјалот за „Енергетската математика“ работеше и тим на адвертајзинг агенцијата „Идеа плус Комуникации“ од Скопје.

„Енергетска математика“ е дел од Платформата за енергетска ефикасност, што ЕВН Македонија ја спроведува од 2012 година заедно со Министерството за економија и Агенцијата за енергетика на Република Македонија, а чија цел е поголема примена на енергетската ефикасност во сите сегменти од современото работење и живеење.

B2 poster

Во современиот живот електричната енергија и нејзиното користење е значајно прашање кое има и економски и еколошки аспект. Начинот на користење на електричната енергија зависи од навиките и однесувањата на луѓето и ние преку нашите активности сакаме да покажеме како да се живее квалитетно, но истовремено и енергетски ефикасно. Прашањето на енергетската ефикасност е особено актуелно и ние ви таа насока ќе продолжиме да работиме и во следниот период“, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонја.

Комуникациската платформа „Енергетската математика“ е комплесен комуникациски проект кој преку различни канали на комуникација ја пренесува главната порака за „вредноста“ на електричната енергија изразено преку  киловат час и начините на кои може да се рационализира потрошувачката во секојдневниот живот. Комуникациските средства подготвени на едноставен и секому разбирлив јазик покрај другото опфаќаат: осум филмувани епизоди од секојдневиот живот на просечното семејство Јаневи и Адеми, кои се емитуваа на македонски и албански јазик, вклучување на младата публиката преку интеракција на социјалните медиуми, едукативни работилници за заинтересираната јавност, надворешно огласување, радио пораки, телевизиски видео материјали итн. Енергетската ефикасност е тема која покрај тоа што има големи ефекти врз животната средина, значајно влијае и на семејниот буџет.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!