19 Мај, 2024
0.0265

Името главна тема на средбата Попоски – Венизелос во Њујорк?

Објавено во: Свет 26 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

На маргините на  68-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк,  министерот за надворешни работи Никола Попоски  се сретна со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос каде главна тема се очекува да биде името. Денеска пак, како што соопштија од МНР Попоски учествувал на министерскиот состанок организиран од страна на Холандија, а чија тема била „Мирно решавање на спорови.” Како што стои во соопштението, македонскиот министер ја поддржал констатацијата на холандскиот колега,  Тимерманс, дека е коректно и многу значајно, за успешно надминување на спорови, меѓународната заедница да даде поддршка во спроведувањето на решенијата кои се понудени од Меѓународниот суд на правдата или постигнати преку медијација. „Во поглед на факторите кои влијаат врз успехoт при мирно решавање на споровите беа разменети размислувања и со Заменикот генерален секретеар на Обединетите нации, Јан Елијасон, кој издвои дека: неопходен е барем минимимум интерес од страните да се реши спорот; речникот кој се користи е значаен; времето е исклучително важно; мора да се внимава на културата и чувствата; и дека личните односи и доверба се клучот на решението“ стои во соопштението на МНР.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)