14 Мај, 2024
0.0264

Имате канал на YouТube? Проверете ги новите правила!

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Google објави нова функција на музичката библиотека на YouTube, која им овозможува на корисниците кои испраќаат видео со музика која има авторски права, да видат што точно ќе се случи со спотот уште пред да го пуштат во платформата, пишува TechCrunch. При качувањето на видео на YouTube системот Content ID автоматски се обидува да разбере дали корисникот користи музика со авторски права или не. Изведувачите и издавачките компании пак можат да одлучат дали да го запрат аудиозаписот, да го блокираат видеото, па тоа да не може да се гледа или да пробаат да заработат од него. До неодамна, главниот проблем беше дека потрошувачите не знаеја што ќе се случи со некое видео, додека не го испратите директно на YouTube. Со помош на новата функција во Audio Library, тие ќе бидат свесни за она што претстои да се случи. Тоа значително ќе им олесни на креаторите на содржини на популарниот сајт. Ова нема да ги реши сите проблеми на YouTube, иако за поголем дел од корисниците ќе е чекор напред заради проверка дали некој клип ќе може да остане на сајтот. Во ноември оваа година Google објави дека ќе пушти претплата на услугите за YouTube. Новата услуга - YouTube Music Key, дава можност за слушање музика без реклами на вашиот сајт. Фирмата нуди бесплатен пристап до услугата во првите шест месеци, но само со покана. Потоа таа ќе биде пуштена на промотивна цена од 7,99 долари, а подоцна по целосна цена од 9,99 долари месечно. Приходите од рекламирање на YouTube минатата година достигнаа до 5,6 милијарди долари. Средства од кои YouTube задржа 1,96 милијарди долари, а останатите пари ги разделија партнерите на видео сервисот. Инаку споредено со 2012, приходите на YouTube во 2013 година беа 65 % повисоки, што значи дека ги надминаа приходите на интернет гигантите како Твитер, Амазон или Линкедин. Анализите покажаа дека приходите од рекламирање на YouTube минатата година достигнаа 5,1 % од вкупните приходи од реклами на Google. К.К.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти