16 Мај, 2024
0.0264

ИМАТЕ ДА СИ ЗЕМЕТЕ УШТЕ 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУРОСТАНДАРД - Фондот за осигурување на депозити потсетува дека преку банките ќе обесштетува до први септември

Објавено во: Финансии 27 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Штедачите од Еуростандард банка го имаат на располагање уште август и последните неколку дедна од овој месец доколку сакаат да си ги подигнат своите заробени средства преку четирите банки исплатувачи. 

Односно, тоа ќе можат да го направат се до први септември, годинава, а после тоа парите ќе можат да си ги земат само од Фондот за осигурување на депозити.

Како што веќе пишуваше Фактор, штедачите од пропаднатата Еуростандард банка сеуште не си подигнале 5,5 милиони евра.

Најверојатно станува збор за помали износи за кои штедачите не сметаат дека им е исплатливо да се ангажираат да си ги подигнат своите пари.

Инаку, Фондот исплатува средства на оние штедачи кои имаат до 30.000 евра. 

„Ги информираме депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување и јавноста дека исплатата на обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари која започна на 15.09.2020 година преку четирите деловни банки: Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје и Халкбанк, ќе биде достапна заклучно со 01 септември 2023 година.

По истекот на овој временски период, депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките - исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој ќе обезбеди обесштетување независно од тоа кога депонентот ќе достави барање за остварување на своето право на обесштетување.

ПотсетувањеДо 01.09.2023 година исплатата на обесштетувањето преку четирите деловни банки се извршува на следниот начин:

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите А, Б, В, Г и Д се исплаќаат во експозитурите на „Комерцијална банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ се исплаќаат во експозитурите на „НЛБ Банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од М, Н, Њ, О, П и Р се исплаќаат во експозитурите на „Стопанска банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш се исплаќаат во експозитурите на „Халкбанк” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од Фондот.

Како што веќе пишуваше Фактор, поминуваат трите години во кои четири македонски банки вршеа исплата на обесштетувањето на штедачите од Еуростандард банка, чии депозити беа до 30 илјади евра.

Исплатата ја вршеше Фондот за осигурување на депозити, но преку четири банки со кои соработуваше, а од септември тој процес ќе се финализира, односно обесштетувањето веќе нема да се реализира преку четирите банки исплатувачи. 

Но, од оние пари кои беа предвидени и издвоени за обесштетување, а тоа беа вкупно 68 милиони евра, штедачите сеуште не си повлекле 5,5 милиони евра, и веќе во септември тие пари ќе си ги поврарти Фондот за осигурување на депозити.

Ова значи дека станува збор за прилично солидна сума пари која дел од штедачите не си ја подигнале, иако тоа можеа да го сторат во секое време преку четирите банки исплатувачи. Главно станува збор за мали влогови, за кои на штедачите не им се исплатело да ја тераат постапката за обесштетување.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!