05 Мај, 2024
0.0441

Имаме натпросечно врнежлив јануари – постои ли ризик од поплави?

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Овој јануари има врнежи од дожд над просекот, велат од секторот хидрологија во Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму објаснуваат дека иако планинските, односно западните делови на земјата вообичаено имаат поголема количина врнежи, сега и истокот има врнежи кои надминуваат 100 милиметри на метар квадратен површина. Големи количини дожд паднале во Тетово, Пожаране, но и во Дојран, Гевгелија, Берово. Во Демир Капија наврнале над 100 милиметри, во Берово 145, во Гевгелија 155, во Пожаране 150, во Тетово 103  милиметри дожд. Од секторот хидрологија велат дека со оглед на фактот дека ноември лани беше многу сушен месец, врнежите од дожд сега ќе надоместат, и ќе бидат добри и за водотеците, и за акумулациите.

„Имаше зголемување на водотеците во западниот и во североисточниот дел. Имаше излевања локално, но немаше некои големи поплави. Сега температурите ќе паднат и се очекува намалување на водостоите“, велат од УХМР.

Во деновиве кои следат се очекуваат минусни температури, дожд и снег. Температурите во Македонија ќе се спуштат до -7 степени. Стојан Ангелов, агроном од Струмица вели дека е добро да има дождови, но само да не дојде до појава на поплави. Според него, доколку сега се формира снежна покривка, ќе биде уште подобро за почвата и за бериќетна година.

Како што беше сушен периодот претходно, на повисоките места ќе беше многу тешко за земјоделците да засадат било што. Овие дождови се добредојдени, а доколку наврне снег ќе биде уште подобро буквално за сите култури, и за житариците, и за раноградинарските култури. Во Струмица немаше поплави при овие дождови и тоа е добро“, рече Ангелов.

Излевања беа забележани во кумановско, во тетовско, но и во Чешиново – Облешево. Зафатени беа ниви и земјоделски фарми. Снежно  невреме го зафати Балканот, а големи навеви има во Србија, додека во Косово и Албанија имаше поплави. За викендот во Србија се очекуваат температури од -18 степени.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“