27 Април, 2024
0.0351

ИМАМ ИНФОРМАЦИЈА КОГА ЌЕ СТИГНАТ, НО КАКО ДА КАЖАМ АКО НЕ СТИГНАТ: Премиерот Заев обелодени-3.000 дози од Спутник V пристигнуваат во недела со ДХЛ

Објавено во: Македонија 05 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Премиуерот Зоран Заев денеска објави дека првите дози од руската вакцина Спутник V ќе пристигнат во недела преку ДХЛ. Рече дека станува збор за 3.000 дози од вкупно 100.000.

-Секој ден очекуваме конкретна информација, јас имам информација кога ќе стигнат првите 3.000 дози, ама како да ја кажам ако не стигнат. Во недела ги очекуваме првите 3.000 да стигнат со ДХЛ, министерот Венко Филипче се организира со амбасадорот да ги пречека, а останатите 97.000 останува да пристигнат следната недела и по неа.

Конечно го имаме и договорот со Фајзер, рече Заев, нагласувајќи дека до крајот на месецов се очекуваат и тие 21.060 дози, како и од Ковакс механизмот, и тие се некаде меѓу 20.000-30.000 дози.

-Дефинитивно во март ќе започе масовната вакцинација според утврдената динамика. Освен здравствените работници, ќе следуваат повозрасните граѓани, како и оние со хронични заболувања, и процесот на вакцинација ќе се тече според протоколите. Очекуваме и информација од Кина, како што веќе знаете авансот го уплативме, па ни го вратикја, се со цел да биде потврдено и од Министерството за надворешни работи. Има понуди и од  АстраЗенека, имам денеска разговор со британски претставници од највисоко ниво да видиме дали можат и тие за 7 до 10 дена да пристигнат, рече Заев.

За евентуални порестриктивни мерки ќе се почека мислењето на Комисијата за заразни болести, истакна премиерот, кој нагласи дека состојбата ќе се анализира и ќе се следи, а во понеделник ќе се носат евентуални одлуки.  


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“