29 Април, 2024
0.0250

Имаат полни магацини малини и не знаат што да прават со нив

Објавено во: Агробизнис, Балкан 07 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Извозот на српските малини стагнира, а магацините не се ослободени за следната берба. 

Овоштарите стравуваат дека поради поларниот студ, оваа година родот ќе биде двојно помал. 

Владе Николиќ од Здружението „Црвено злато“ вели дека снег и студ има веќе месец и половина и состојбата воопшто не е розова. 

Се очекува некои насади со малини да потфрлат и до 40% во родот. 

„Слична е ситуацијата и во светот и Полјаците оваа година имаат проблеми со временските услови. Чилеанците исто така имаа проблеми со високи температури во првиот род“ - вели Николиќ. 

Пазарот е нестабилен и извозот на малини стои. 

Украина, БиХ, Унгарија и Бугарија кои не се препознатливи со малини, лани имаа големи количини. 

Во светот има хиперпродукција, а побарувачката за ова овошје се намалува.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?