ИМААТ 1000 ЕВРА ПЛАТА: Eвe какви професионалци бараат
Објавено во: Финансии 11 Ноември, 2017
Словенија има просечна плата од над 1000 евра, а работници бараат постојано.
Економската развиеност, близината ја прави оваа земја атрактивна за работа.
Се бараат возачи, камионџии, паркетари, електричари, келнери, чистачи, столари, обезбедување.
Но, на прво место се лекари, а на второ се инженери.
Освен лекари, се бараат и медицински сестри, лаборанти, болничари.
Барани се и програмерите, фризерите, готвачи, мајстори за бурек и други профили.
Најлесно може да се најде работа преку европскиот портал Европска унија за мобилност ЕУРЕС, или на веб сајтот на Заводот за вработување во Словенија.