Има три факултетски дипломи, а 30 пати е одбиена за работа
Објавено во: Економија 16 Мај, 2017
Има 30 години од кои 24 се образува, има три факултетски дипломи и 30 пати е одбиена за работа.
Ивес Водановиќ Лукиќ дипломирала уметност, компаратива книжевност и географија, но не може да најде работа.
Таа многу вложила во себе, но е несреќна затоа што нејзиното знаење никому не му треба.
На било кој оглас и да аплицира, или е одбиена или нема повратен одговор.
„Кои се причините за одбивање? На еден оглас тоа беше доказ за познавање на англиски јазик и ми пишуваат дека не ми се признава ТОЕФЛ, а тоа е меѓународен сертификат кој се признава секаде. Го признава Оксфорд, но не и секторот за туризам во градот Загреб“ - вели таа.
Додава дека е очајна затоа што уште од средно училиште знаела што сака да студира, да работи, но тоа не се вреднува.