Има свое село во Германија, а сега сака и во Србија
Објавено во: Балкан 07 Април, 2017
Јазак е мало фрушкогорско место кое наскоро ќе добие шанса за ревитализација и економски просперитет по кој ќе биде познато во Србија, но и пошироко.
Група германски и швајцарски ентузијасти решиле во овој регион да се занимаваат со органско производство.
Георг Швајсфрут ова успеал да го направи во Германија, а истото ќе го реализира и во Србија.
Тој со своето семејство пред 30 години во напуштено германско село со само давјца жители почнал да се занимава со органско производство.
Почнале со производство на месо, месни производи и тестенини, а потоа се јавила и потреба за туризам и угостителство во селото Хермансдорфер каде денес има 60 домаќинства кои за нив готват, работат, опслужуваат туристи и слично.
Германецот при едно патување во Србија решил дека истото може да го направи и во оваа земја затоа што му се допаднала. Селото Јазак е негов избор.
Се очекува дека во период од неколку децении можно е ова српско село да го достигне успехот на германското село познато по органски производи.