19 Мај, 2024
0.0279

ИМА ЛИ ПРОПУСТИ КАЈ НЕКОЈА КОМПАНИЈА: Ќе се контролира како се чуваат државните нафтени резерви

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber


Домашна компанија која добила на државниот тендер за складирање на нафта за задолжителните резерви, дизелот ќе го чува во резервоари под закуп кои не се комплетно функционални, тврдат за Фактор доброупатени извори. Сепак и покрај овој факт Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта на оваа компанија, месецов и доделила тендер вреден над три милиони евра, односно со договор и дозволила да чува 5 милиони литри еуродизел за задолжителните нафтени резерви.

Компанијата инаку, како и другите кои чуваат државни резерви на нафта од Регулаторната комисија за енергетика имаат лиценци за вршење енергетска дејност и за трговија со нафта и нафтени деривати. Сите имаат и акцизна дозвола од Царинската управа. Кој проверува како се чуваат резервите, зошто се дозволило ова - надлежните институции секоја поединечно тврди дека постапила законски. 

Директорот на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати Уљуси Бекири за Фактор вели дека не биле свесни за ваков пропуст, ако воопшто го има, при потпишувањето на договорот. Тврди дека количините за чување на државните резерви ги доделиле на компаниите кои добија на тендерот затоа што имале покритие од Регулаторната комисија за енергетика која ги доделува лиценците за енергетика.

Бекири вели дека сите компании кои добиле на тендерот да чуваат државни нафтени резерви ги исполнуваат тие услови односно се лиценцирани од Регулаторната комисија за енергетика. Сепак најавува дека Дирекцијата ќе прави контрола откако ќе поминат 30 дена од денот на склучување на последниот договор.

„Кога ќе поминат тие 30 дена, период во кој имаат обврска да ги наполнат потребните количини ние ќе направиме контрола на квалитетот на горивото, на квантитетот. Со нас доаѓа и Пазарниот инспекторат, но претставници и од Царинската управа, односно од вкупно пет институции, но секако не можеме да одиме претходно. Инаку лиценцирањето и дозволите се во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика. Сепак ако на контролата се увиде дека некои услови и некои стандарди за чувањето не се запазаени има законска можност и за казни, вели Бекири.

Тој уверува дека конкретната компанија чува гориво за резервите во резервоари на две локации во државата и дека нема информации дали ги поседува или ги изнајмила и во каква кондиција се во моментов.

Од Регулаторната комисија за енергетика за Фактор исто така тврдат дека кога издавале лиценци ги почитуваат законските одредби.

„Во постапката за издавање и во постапките за менување на лиценцата на таа компанија, Регулаторната комисија за енергетика констатираше дека резервоарите со кои ќе се врши енергетска дејност трговија на големо со нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт се функционални согласно соодветните Законски и подзаконски акти, за што е доставена и потребната документација. Во однос на чувањето на државните резерви и постапките кои се спроведуваат за таа намена, ве известуваме дека за тоа е надлежна Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, додека надлежноста за инспекциски надзор во однос на работата на лиценцираните претпријатија за вршење на енергетската  дејност трговија на големо со нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт согласно Законот за енергетика, ја врши Државниот пазарен инспекторат, велат од Регулаторна комисија за енергетика.

Инаку акцизната дозвола ја издала Царинската управа и од таму велат дека постапила законски како и секогаш кога издава акцизна дозвола.

„Царинската управа постапува согласно одредбите на Законот за акцизите и Правилникот за спроведување на законот за акцизите. Акцизна дозвола не се издава ако не се исполнети сите услови кои се пропишани со наведените акти, како и фактичката состојба на терен по извршена контрола на просториите (во овој случај резервоарите) наменети за складирање на акцизни добра. Субјектот кој го наведувате ги исполнува сите услови за издавање на акцизна дозвола пропишани со член 6 од Законот и ги поседува сите неопходни дозволи, сертификати и одобренија кои се пропишани со Правилникот, стои во одговорот од Царинската управа.

Контролата на Дирекцијата ќе покаже кој како ги чува резервите на нафта и дали има и пропусти.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија