18 Мај, 2024
0.0281

Има ли лимит за „Стопанска банка Скопје“?

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Стопанска банка Скопје направи 42,11 милиони евра профит за 9 месеци годинава. Ќе исплати авансно 20,7 милиони евра дивиденда кон крај на декември и е единствена по тоа. Го зголемува кредитирањето, расте и нивото на заштеди. Нето приходите од камати се на многу високо ниво, а исто важи и за провизиите и надоместоците. Како реагира нашиот пазар на капитал на таа акција? Многу чудно: анемично, воздржано. Воајерски. Каков оргазам ли ќе имаше на пазарот ако ваков резултат направеше на пример „Комерцијална банка“? Колку ли ќе се пенавеа самонаречените „гуруа“ во македонската инвеститорска заедница? Навистина е неразбирливо зошто портфолио менаџерите на инвестициските фондови не можат да го видат очигледното... 

„Стопанска банка Скопје“ оствари добивка од феноменални 42,11 милиони евра за првите девет месеци годинава, покажуваат официјалните финансиски податоци на една од двете најголеми македонски деловни банки. Во споредба со истиот период лани нето добивката на оваа банка е поголема за 11,5 милиони евра. За првите девет месеци од годинава банката оствари добивка по акција во износ од 148 денари. Овој резултат на банката , најдобар досега, е резултат на одличното ниво на нето приливи од камати и од надоместоци, константен прилив по основ на останати приходи, солиден прилив од продадени превземени средства од една страна и од друга страна многу ниско ниво на резервации на што додаваме и позитивно салдо во ставката загуба заради оштетување на нефинансиски средства.

Акцијата на оваа банка бележи континуиран и умерен раст на пазарната цена во споредба со котираните акции на другите компании каде видовме поголеми осцилации во последниве 18 месеци. Цената на акцијата на „Стопанска банка“ достигна 1.300 денари и се тргува во распон од 400 денари во последните 52 трговски седмици. За тоа колкав е потенцијалот и капацитетот на оваа акција доволно говорат официјалните податоци кои се достапни на веб страницата на берзата. Според нив „Стопанска банка“ од декември 2016 година до декември годинава на своите акционери им исплати и ќе им исплати вкупно 486 денари дивиденда во бруто износ (тука е вклучена и авансната дивиденда за 2018 година која ќе биде исплатена на 27 декември). Доколку акционер ја купил акцијата на оваа банка на цена од 900 денари досега остварил поврат на безмалку половина од вложените пари, а во меѓувреме и пазарната цена на таа акција токму заради богатите дивидендни приливи пораснала за повеќе од 40 отсто. Односно дивидендниот принос и капиталната добивка заедно прават принос од речиси 90 отсто од вложените средства.

Од резултатот остварен во првите девет месеци на оваа банка и остануваат уште 14,4 милиони евра на кои ќе се надода и добивката за последниот квартал која веројатно ќе биде околу 10 милиони евра. Тоа значи дека и покрај исплатата на 27,73 милиони евра од полугодишната добивка, акционерите на банката ќе може реалнода очекуваат уште повеќе од 22 милиони евра добивката од која значаен дел може да биде исплатен во дивиденда.

Кој исплаќа авансна дивиденда?

„Стопанска банка Скопје“ една до двете најголеми деловни банки во земјава прави историски исчекор во 25 годишната корпоративна историја на Република Македонија. На информациската платформа на Македонската берза се објавени предлог одлуки за претстојно вонредно акционерско собрание на „Стопанска банка Скопје“ на кое банката авансно ќе распредели 20,7 милиони евра дивиденда на своите акционери – иматели на сопствени акции. Тие пари се обезбедени од тековната добивка за првите шест месеци годинава.  Акционерите ќе гласаат и за точка со која 7,03 милиони евра од тековната добивка за првата половина ќе ги вложи во основачкиот капитал и во иднина тие нема да може да се распределуваат во дивиденда.

Со предлог одлуката за авансна исплата на дивиденда „Стопанска банка“ ќе подели по 73 денари бруто дивиденда од добивката што ја остварила  во првите шест месеци годинава. Уште 7,03 милиони евра добивка за првото полугодие банката ќе ги внесе во вредноста на основачкиот капитал. И тоа е повеќе од 90 отсто од добивката за половина година. Освен оваа докапитализација на дневен ред на претстојното собрание банката ќе префрли 7,9 милиони евра акумулирани добивки во акумулирана добивка која не е расположлива за исплата во дивиденда


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа