12 Мај, 2024
0.0339

Има ли и колку оштетени граѓани од вториот пензиски столб МТСП дополнително ќе утврдува

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Дали има и колку точно оштетени граѓани од вториот пензиски столб засега нема точни информации бидејќи Министерството за труд и социјална политика ќе врши дополнителна анализа на осигурениците кај приватните пензиски друштва, а секој случај ќе се утврдува поединечно. 

Токму затоа податокот дека 314 граѓани се оштетени МТСП посочи засега неможе да се земе како точен. Министерството го соопшти ова една недела по обелоденувањето на податокот од страна на народното правобранителство. Од министерството, денеска информираа дека во 2006 година 60.000 граѓани доброволно се зачлениле во вториот пензиски столб, но не посочија колку од нив ќе се најдат меѓу оштетените.

Народниот правобранител пред една недела соопшти дека тројца пензионери се жалеле кај него дека се оштетени поради членувањето во државниот и еден од приватните пензиски фондови. Омбудсманот исто така посочи првична бројка од 314 оштетени лица, повикувајќи се на податок изнесен од Агенцијата за супервизија на капиталното пензиско осигурување (МАПАС).

Вистинската бројка, како што изјавија во Министерството, ќе се утврди со анализата на податоците кои соодветните институции до утре треба да ги достават до работната група која во Министерството за труд работи на проблематиката. Оваа група треба да предложи можности за решавање на прашањето и да предложи измени на законите кои го регулираат прашањето на пензиското осигурување и определувањето на висината на пензијата.

Првичните проценки на Министерството укажуваат на неколку состојби кои би биле проблематични за идните пензионери кои се осигурени во државниот фонд и членуваат во приватните пензиски друштва и затоа побарале подетални податоци за нив и за други прашања.

- Доброволни членови во вториот пензиски столб кои во 2006 година имале 40 и повеќе години старост и 5 години пензиски стаж, членови за кои има евиденција дека во 2003 година имаат прво вработување, а всушност имале стаж остварен во други држави, потоа граѓани кои го смениле статусот на осигуреник од работник во полицаец и обратно, како и оние категории на граѓани кои самите инсистираат да членуваат во вториот столб за да обезбедат заштеда – велат од Министерството за труд и социјална политика.

Анализата треба да утврди и дали законски ќе биде можно, односно дали ќе се коси со Уставот, ако 34 пензионери, колку што има досега кои се членови и во вториот пензиски столб, се вратат во државниот пензиски систем и како тоа ќе се одрази врз останатите пензиски столбови. Единствено е јасно дека измени ќе има во три закони кои го регулираат ова прашање и дека ќе бидат потребни реформи на државниот пензиски фонд. Што ќе произлезе од тоа допрва треба да покаже анализата.

Од Министерството убедуваат дека аферата која ја обелодени народниот правобранител и анализата која допрва ќе се прави, нема да предизвика никаков потрес во пензискиот систем и дека реформите направени во пензискиот систем одат во добра насока.

- Проблемот ќе биде решен без да бидат оштетени пензионерите. Тие ќе ја добијат заслужената пензија – убедуваше денеска министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибраими.

Според Министерството, членовите во вториот пензиски столб имаат перспектива за добра пензија бидејќи вториот и третиот пензиски столб функционираат добро и безбедно ги вложуваат средствата на идните пензионери, а во нив членуваат млади луѓе чија просечна старост е 35 години.

- Во вториот столб до крајот на 2016 година се зачлениле 427.000 граѓани со околу 781 милион евра, додека во третиот столб има 23.000 членови со 16 милиони евра – посочија од Министерството.

Тоа, како што велат го покажуваат и пресметките. Ако еден член на вториот пензиски столб има уплаќано придонеси во период од 10 години и земал просечна плата од 20.000 денари сега на својата сметка би требало да има 405.000 денари.

Сепак, од Министерството не го коментираат фактот дека 500.000 евра од приватните пензиски фондови се вложени во државни хартии од вредност и е можно да бидат доведени во прашање со оглед на енормното задолжување на државата.


Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно