ИМА ФИРМА 16 ГОДИНИ, КОНКУРИРАЛ ТРИ ПАТИ: Стефков бесен на Фондот за иновации
Објавено во: Економија 27 Јули, 2018
На листата фирми кои не се најдоа меѓу оние кои добија грант од Фондот за иновации е и фирмата на Данчо Стефков.
Според она што тој го објави на социјалната мрежа Фејсбук се дознава дека дури три пати конкурирал а во Фондот имал интервјуа дури пет пати.
Стефков вели дека неговата фирма постои 16 години, како микро претпријатие на пазарот за филмски и видео материјали.
„Во фондот за иновации конкурирав 3 пати, но не добив никаков грант. А целта беше да остварам технолошки напредок и целосно да прејдам во 4К резолуција. Имав најмалку 5 интервјуа од фондот. Можност за отворање 5 работни места. А не барав ни 1/8 од ова што им се доделува на други фирми. На крај "уздај се у се и у своје кљусе,, . Не не бива, епа нема ни да не биде“, раскажува Данчо.
Тој посочува дека ова се однесувало од 2015 до сега.
„Нема разлика, само друго пакување. И да потенцирам, зад себе имам 2 играни филма, играно документарен, 40 тина документарни, стотина ТВ проекти, претстави, спотови, реклами, презентации ...“, го завршува Фејсбук статусот Данчо Стефков.