ИМА 27 НОВИ ПОЗИТИВНИ: И денеска нема одлука за карантин во Куманово
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Април, 2020
И денеска нема одлука Куманово да се стави во карантин.
По состанокот што Централниот кризен штаб го имаше со локалните власти во Куманово, прашањето ќе биде дискутирано и во Владата.
Во Куманово има 262 позитивни случаи на коронавирусот.
Денес има нови 27 потврдени од овој град.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во неколку наврати побара градот да биде ставен во карантин, со дозволено движење за вработените надвор од Куманово.
Досега 12 кумановци починаа од Ковид 19.