21 Април, 2018
0.0645

Има 11 милиони следбеници и открива како и за што ги користи социјалните мрежи

Објавено во: Стил 13 Јануари, 2018

Кога јутјуб ѕвездата Мариала Мареро се преселила од родната Венецуела во Америка, тоа не било поради социјалните мрежи и развивање на работата. Се преселила уште во 2014 година во Питсбург, поради сопругот кој во овој град се школувал, но и поради можноста за подобар живот.

Сега Мареро има преку 11 милион следбеници низ три канали на промоција, а нејзината публика ја сочинуваат луѓе од шпанско и англиско говорно подрачје.

Почнала со каналот на англиски јазик, кој досега пораснал на 1,6 милиони посетители.

Различни канали за различна публика

Мареро за Бизнис инсајдер објаснила дека има три јутјуб канали кои и овозможуваат да изрази различни видови видеа. „Сите мои три канали имаат целосно различна публика“, објаснила таа.

Нејзиниот оригинален канал на шпански јазик е фокусиран на убавина-прилично е во позитивен манир, ги следи модните трендови и е наменет за младата публика.

Нејзиниот “влог“ канал го претставува нејзиниот „секојдневен живот“, каде таа „не е секогаш среќна“, а целна група се 26-годишници, односно нејзини врсници.

Нејзиниот канал на англиски јазик ги привлекува Шпанските Американци како целна група, но публиката е многу поширока.


Еве како ги користи социјалните мрежи:

Facebook: Многу забавни работи кои ги споделува со пријателите

Instagram: „Погледнете колку сум волшебна“-тоа е главната порака на објавите. Брендовите сакаат работа со Инстаграм и затоа ја користи во голема мера оваа мрежа.

Snapchat: „Ја напуштив оваа мрежа поради Инстаграм приказната, уште одамна“. Инстаграм приказните се многу поголеми од Снепчет, посебно бидејќи можат да привлечат спонзори.

Twitter: Преку оваа социјална мрежа може да се споделуваат мисли, но не премногу. Може да биде опасно.

За Јутјуб:

Почетоците на Мареро биле на Јутјуб и е горда на фактот дека е ѕвезда на оваа платформа. Вели дека сама ги уредува видео-снимките, дека е целосен  „control-freak“. Исто така, таа ја критикува оваа платформа, бидејќи смета дека на Јутјуб не му е до неговите корисници.

Меѓутоа, ова што е својствено е дека од социјалните мрежи може и да се заработи. Јутјуб каналот има опција со која може да се заработат многу пари преку видеата. Оттука и занимацијата на оваа девојка да се занимава со социјални мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Со ова заштедија 800 години во работни часови

Со ова заштедија 800 години во работни часови

Древните лекари со масло од роза лечеле над 20 болести!

Древните лекари со масло од роза лечеле над 20 болести!

Роџер Вотерс не сака да работи за „Белите Шлемови“

Роџер Вотерс не сака да работи за „Белите Шлемови“

Само една чашка алкохол дневно може да го скрати животот

Само една чашка алкохол дневно може да го скрати животот

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!

Арсен Венгер официјално си заминува од Арсенал на крајот од сезоната

Арсен Венгер официјално си заминува од Арсенал на крајот од сезоната

Д-р Светлана Смугреска, педијатар: Најважна е довербата лекар-пациент

Д-р Светлана Смугреска, педијатар: Најважна е довербата лекар-пациент

Трендо: Убава е и тишината која сам ја мезиш

Трендо: Убава е и тишината која сам ја мезиш

Родители на распуст

Родители на распуст