19 Мај, 2024
0.0259

ИЛЈАДА ЛУЃЕ ОСТАНУВААТ НА УЛИЦА: Ќе има ли модел за спас на вработените од Југохром?

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Откако министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири побара затворање на тетовскиот комбинат Југохром, поради неисполнување на роковите за еколошките дозволи, се отвори прашањето зошто дури сега надлежните посегнаа по затворање на компанијата? За работничките синдикати најавата е несериозна, за еколошките друштва е праведна. На кантар е ставена судбината на вработените и здравјето на луѓето што живеат во тетовско. Од Синдикатот за индустрија, енергетика и  рударство (СЕИР), велат за ваквата состојба вина има и кај министерството за животна средина. -Најавата на министерот Изаири е несериозна. Како може така да лесно да се каже дека Југохром треба да се затвори, таму работат над 1.000 луѓе, најголем дел од жителите од тој реон имаат егзистенција од таму. Точно дека не се исполнети роковите, но придонес за тоа има и надлежното министерство, оти според нашите информации има застој во документацијата и во издавањето на согласности. Точно дека екологијата и чистиот воздух се на прво место, но треба да се стави на вага и егзистенцијата на луѓето. Од една страна Владата промовира мерки за вработување, носи инвеститори за нови работни места, сега 1.000 луѓе ќе ги остави без работа, на улица. Порачуваме да му се даде на Југохром уште еден оптимален рок за да заврши со имплементацијата на еколошките дозволи, вели Пеце Ристовски, претседател на СЕИР. За еколошките друштва најавата на министерот е праведна Од друга страна од еколошките друштва велат дека највата на министерот Изаири е праведна и за сметка на бизнисот не треба да се уништува животната средина. Предлагаат да се најде модел за заштита на вработените. -Сметам дека ваквата најава е праведна, поради тоа што веќе неколку пати на Југохром му се дозволуваше да ја оддложува имплементацијата на еколошките дозволи, веќе се прекршија сите рокови. Законот е донесен во 2007 година, неколку пати имплементацијата се оддложуваше, па се воведе дури лани. Компанијата ако сакаше имаше време да ги испочитува роковите. Жално што е дојдено до тука работата и жално е за вработените, но жално е и за жителите кои постојано алармираат на загадувањето од Југохром, здравјето нема цена и не може да се мери со ништо. jugohrom Сметам дека додека не ги исполнат условите за еколошките дозволи компанијата треба да се затвори или пак да работи со минимум производство, како што направи Макстил, па откако ќе ги исполнат стандардите повторно нека се отвори. Во тој случај дел работниците може да се задржат, а дел може да се ангажираат да работата на имплементацијата на еколошките дозволи, но тоа се зависи  од одлуката на менаџментот на компанијата, вели Ненад Коциќ, од еколошкото друштво “Вила Зора”. Југохром доби неколку пролонгирања   Минатата година Владата на компанијата и даде уште две години дополнителен рок, да ги исполни  условите за имплементација на еколошките дозволи. Сега министерот Изаири вели дека компанијата воошшто нема ниту почнато со градежните зафати, и најави дека предлогот ќе и го достави на Владата. -Тие нешто имаат започнато околу одобрението и проектот за изградба, велат дека имаат некои договори за изведбени работи, но на терен ништо не се одвива.Нашиот став е дека на ваквите компании кои се за нас несериозни, не ги почитуваат законите, треба да ги почитуваат и да монтираат филтри. Во краен случај тие ако не ги исполнуваат тие услови треба да се затворат додека не ги исполнат, изјави Изаири. Од менаџментот на компанијата ги отфрлија ваквите обвинувања и посочија дека вината не е кај нив. Директорот на Југохром Васко Скендровски тврди дека се соочуваат со институционални пречки, и најави дека планираат  да инвестираат 12 милиони евра за воведување на интегрирана еко-дозвола. -За добивање на градежната дозвола потребно ни е мислењето на министерот кое го побаравме  уште пред три месеци, но до ден денеска не добивме одговор. Ако министерот сака да оваа работа во однос на комплетно завршување на оперативниот план да се заврши во еден законски рок кој ни го даде Владата, мислам дека треба да многу поажурен во однос на овие административни работи. Ние не бегаме од нашата општествена одговорност и не велиме дека сме идеални во тој поглед. Ова е заеднички проект, а министерот за животна средина прави јасна опструкција со неодговарањето на нашето писмо во кое бараме да даде мислење дали треба да подготвуваме еколошки елаборат или еколошка студија за таа градежна дозвола, вели Скендеровски. Jugohrom filter 1 Компанијата Југохром од Јегуновце се врбојува во поголемите металски индустрии и еден од позначајните извозници, а исто така голем дел од жителите од полошкиот регион се вработени токму во оваа компанија. Според Законот за животна средина, рокот за имплементација на интегрираните еколошки дозволи беше 1-ви 2014 –та година. Но на Макстил и Југохром им се дозволи  пролонгирање на рокот, до 31-ви  октомври 2014 година.  Но и до овој рок овие две копании не успеаја да ги исполнат еколошките критериуми.Па Владата донесе одлука Макстил привремено да ги згасне печките, а Југохром да го преполови производството. Фабрката „Југохром“ доби нов дополнителен рок, за воведување на новите еколошки стандарди, а компанијата Макстил откако ги исполни условите продолжи со работа. Компанијата “Југохром” од Јегуновце, најави  дека 150 работници ќе мора да ги прати на принуден одмор, но по шест месеци овие вработени треба да бидат вратени повторно на работа.Ваков договор бил постигнат со Владата, откако компанијата побарала да и се пролонгира рокот. Од еколошките друштва велат дека го имаат во предвид социјалниот аспект , односно отпуштањето на работници, но сметаат дека за одржлив развој е важно економијата и екологијата да одат во пакет. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа