16 Декември, 2025
0.0380

Игор Спасов ќе се бара со меѓународна потерница

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2019 20:44

Добивај вести на Viber

За Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски, вечерва е распишана меѓународна потерница, информира МВР.

Првично беше распишана национална потерница, но откако не е пронајден во земјава, по него ќе се трага и надвор од државата.

„Спасов Игор, од т.Слободанчо м.Аница, роден 22.12.1978 година во Штип каде и живее, се бара со наредба ПК бр.6/18 издадена од Основен суд Штип за сторени кривични дела по чл.123 и чл.386 од КЗ на РСМ за доиздржување на казна затвор од 7 години  и 3 месеци, пишува на сајтот на МВР.

Спасов на 18-ти требало самиот да се врати во затворот Идризово, откако му истече условниот прекин на казната, но тој не се појавил. Затвореникот неколку пати добивал прекин на издржувањето на казната поради лекување.

Спасов за убиството на Нешкоски е осуден на 14 години затвор, од кои одлежа половина. Убиството се случи при прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

Очекувам дека наскоро истрагата за бегството на осудениот Игор Спасов ќе успее да го пронајде поранешниот полициски специјалец, изјави премиерот Зоран Заев.

Игор Спасов, полицаецот кој го уби Мартин Нешковски на скопскиот плоштад, е пребеган во Турција, објави вчера локалниот Канал 77

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење