17 Декември, 2025
0.0422

Игор Спасов пребегал во Турција, Штипскиот суд издаде потерница

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2019 14:11

Добивај вести на Viber

Игор Спасов, полицаецот кој го уби Мартин Нешковски на скопскиот плоштад, е пребеган во Турција, објави локалниот Канал 77, а Штипскиот суд издал потерница по осудениот на 14 години затворска казна пред да ја доотслужи истата.

Според неофицијални информации, тој веќе ја напуштил државата, а избегал преку нелегални канали и во странство е под туѓ идентитет. Тој го искористил периодот на привремен отпуст за да го организира бегството од државата. Во ова, како што се дознава, голема помош имал од некогашните негови колеги полицајци.

– Игор Спасов е недостапен на органите на прогон. СВР Штип го извести Судот дека тој е недостапен и е во бегство, поради што Судот веднаш издаде согласност за издавање на потерница за негово пронаоѓање на територијата на Република Северна Македонија, изјави Јулијана Неткова, портпарол на Основниот суд од Штип.

Од денеска се бара со потерница на територијата на Република Северна Македонија, а не се исклучува можноста за брзо време таа да биде и меѓународна.

Спасов не беше в затвор затоа што се лекуваше, според информациите, повеќе од една година. Судот му го продолжувал прекинот во неколку наврати. Последен пат отпустот му беше продолжен од 18.05.2019 до 18.08.2019 година кога требаше да се врати во КДП Идризово на доиздржување на остатокот од казната.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски