02 Мај, 2024
0.0256

ИДЕАЛЕН БИЗНИС: За еден килограм 6000 евра

Објавено во: Финансии 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Неколку бели тартуфи тешки вкупно околу 850 грама се продадени на традиционална аукција во градот Алба во италијански Пијемонт за вртоглави 75 000 евра.

За тартуфот со сателитска врска се наддаваа заинтересирани купувачи од Дубаи и Хонг Конг, а најмногу понуди претприемач од Хонг Конг.

„Ситуацијата е нешто подобра, меѓутоа очигледно ова нема да биде баш успешна година бидејќи во продажба нема да бидат големи примероци, иако овие помалите се поквалитетни“, рекла за АФП Изабел Џаниколо од Државниот центар за проучување на тартуфите.

„Сушата која го погоди ова подрачје во последните неколку месеци влијаеше на количината, но не и на квалитетот на тартуфите“, рекла Џаниколо, додавајќи дека „цените кои се постигнуваат на аукциите не се пазарни. Се работи за цени чиј приходи одат во добротворни цели“.

Овогодишната пазарна цена изнесува 600 евра за 100 грама, што значи 6000 евра за килограм. Нешто е повисока поради големата суша. Пред година дена килограм можел да се купи за 3-4000 евра.

Белите тартуфи спаѓаат меѓу најчувствителните и најскапи производи на светот, а во делови на Италија се берат од октомври до декември. Исклучително се почитувани поради специфичниот вкус и арома. Белите тартуфи, поради климатските промени во Италија во последните години, ги има се помалку.

Речиси 90 години градот Алба организира двомесечен саем на бели тартуфи на кој се ораганизира и аукциска продажба на овој вид почитувана подземна печурка.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција