26 Април, 2024
0.0277

ИБРАИМОВСКИ ЖАЛИ - не успеав да ве спасам од ропството на извршителите

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

На Самка Ибраимовски од ПЦЕР, кој се нарекува себе си социјален пратеник, иако упорно го туркаше, не му успеа народните избраници пред распуштањето да ги изгласаат измените на Законот за облигациони односи, чии предлагач беше токму тој. 

А со овој закон што тој го предложи, требаше да се утврди застареност на долговите на граѓаните за 10 години од денот на нивната извршност. Односно, идејата беше граѓаните кои мака мачат со извршители, да се спасат од нив. Инаку, досега изршителите прогонуваа должници со сметки постари и од 20 години. 

Пратеникот Ибраимовски на својот фејсбук профил напиша дека му е жал што законот не поминал до распуштањето на Собранието, поради другите поургентни закони.

Но, тој не се откажува од овој закон. 

„Почитувани социјално загрозени граѓани, сиромашни граѓани, почитувани сите вие! За жал неуспеав законот што го предложив за облигациони односи во делот на застарувањето на долговите да се изгласа поради други закони кои беа на дневен ред пред распуштање на Собранието. Сепак, со ваша поддршка на изборите на 12-ти април, прво што ќе направам, е тоа да овој предлог закон повторно го предложам и да се изгласа, за вие почитувани граѓани да се спасите од ропството на извршителите - крвопијци и секако вашите сметки да не бидат повеќе блокирани. Ви благодарам за вашата поддршка во овој мој пратенички мандат. Вашиот социјален пратеник“, напиша Ибраимовски на фејсбук.

Инаку, предложените законски измени на Ибраимовски беа заглавени во собраниската процедура. Тие на стартот добија позитивно мислење од Владата, но потоа некаде работата се искомплицира низ собраниските лавиринти. 

А од иницијативата „СТОП за извршителите” бараа застарувањето на долговите да биде и на пократок рок, бидејќи за нив донесувањето на овој закон ќе значи ослободување на дел од граѓаните, но само ако има ретроактивно дејство. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот