19 Мај, 2024
0.0316

ИАБ Македонија и Македонската Асоцијација на Новинари (МАН) потпишаа меморандум за соработка

Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

ИАБ Македонија и Македонската Асоцијација на Новинари (МАН) потпишаа меморандум за соработка со цел промовирање, развој и континуирана соработка во областа на дигиталното огласување и развој на дигиталните медиуми.

Во рамки на својата примарна дејност и цели, ИАБ и МАН меѓусебно ќе соработуваат во интерес на дополнителниот развој на дигиталното огласување, унапредување на работата на новинарите, медиумите, издавачите, маркетинг агенциите и компаниитена територијата на Република Македонија на повеќе начини и преку повеќе заеднички проекти.

Согласно потпишаниот меморандум МАН ги повикува своите членови доброволно да се зачленат во ИАБ Македонија и ИАБ Македонија ги повикува своите членки од медиумските издавачи доброволно да се зачленат во МАН.

МАН истовремено ги повикува своите членови при својата работа да се придржуваат кон “Саморегулаторниот етички кодекс на добри професионални практики“ во дигиталното издаваштво на територијата на Р.Македонија усвоен од страна на асоцијацијата ИАБ Македонија како единствена интернационална организација во Македонија која на едно место ги спојува медиумите, маркетинг агенциите и огласувачите.

Двете организации се обрзаа дека за сите прашања од заеднички интерес ќе одржуваат средби на кои ќе ги усогласуваат сите прашања поврзани со унапредување на работењето на двете организации.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата