Добивај вести на Viber
Не една, туку две галии веќе никнуваат на Вардар. Неколку бетонски столбови веќе се поставени на Вардар и тие ќе трба да бидатт носачи на бовиот брод кој ќе биде изграден веднаш спроти хотелот „Холидеј ин“.
Како што пренесува Плусинфо, ова е една од четирите брода кои треба да бидат поставени во Вардар. Бродот спроти Музејот на ВМРО е во изградба.
И двете галии ги гради фирмата „Фаланга ДИМ“ која со нив ќе стопанисува 10 години, при што за една та на Град Скопје ќе плаќа кирија од 1.050 евра, а за втората 1.250 евра.
Галиите се прават по теркот на белградските сплавови и ќе се користат како угостителски објекти. Според првичните најави, едната галија ќе биде француски ресторан, а вториот бар за закуски.
Овие сплавови од градските власти беа најавени како нова атракција за посетителите на Скопје, а во јавноста се покренаа многу контроверзии околу нивната изградба. Градот сепак опстоја на намерата да ги изгради.