27 Април, 2024
0.0297

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ бараат итно да се донесат заштитните мерки во Собранието

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ бара министерот за здравство Венко Филипче, како што велат од таму,  веднаш без никакви изговори да ги доставите предлог законските измени со цел заштита на јавното здравје на граѓаните во ситуација на пандемија со КОВИД-19, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, барањето на ВМРО-ДПМНЕ е кочење на законските измени, затоа што дополнително најголемата опозициска партија бара формирање специјална комисија која ќе се справува со коронавирусот. Од владеачката партија сметаат дека тоа е едно во низата деструктивни дејствувања на опозициската на ВМРО-ДПМНЕ.

Забрана за јавни собири по 22 часот, забрана за семејни собири со повеќе од четири гости и задолжително носење на заштитни маски на отворено се предложените мерки кои Влада ги усвои, но како построги мора да бидат законски формулирани.

„Законот за заштита на населението од заразни болести и новите мерки за превенција од понатамошно ширење на вирусот може да бидат изгласани доколку тоа вистински го сака Филипче. Крајно време е Филипче да прекине да бега.

Предлогот на ВМРО - ДПМНЕ за специјална државна комисија за справување со пандемија која ќе брои 11 члена и во која по функција би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози тројца членови, епидемиолози двајца членови, микробиолози двајца членови, еден имунолог и еден специјалист интернист, ќе биде поднесен како посебен предлог независно од предлогот за законски измени“, гласи дел од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое е и барањето за нова Комисија за заштита за заразни болести.

За портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, ова е трик на ВМРО-ДПМНЕ за да се закочи усвојувањето на законските измени заради поголема заштита на населението од корона вирусот. Мерките требаше преку законски измени да бидат донесени уште минатата недела, но до сега не се уште ниту поднесени во Собранието.

„Наместо носење на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се важни за поголема заштита од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски прават се за да го кочат процесот. Тоа е опасно по јавното здравје и спротивно на интересите на граѓаните и здравствените работници. Комисијата за заразни болести е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија“, изјави Костадинов.

Пратеникот вели дека тоа нема да придонесе во поефикасна борба со коронавирусот, туку само дополнително ќе го усложни целиот процес.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“