И „Пелистерка“ донира: 50 тони вода за поплавените подрачја во источна Македонија !
Објавено во: Мои пари 05 Февруари, 2015
Поради драматичната состојба во загрозените подрачја во источна Македонија, каде што изминативе денови има големо невреме и поплави и имајќи предвид дека во вакви ситуации свежата вода за пиење е еден од најголемите недостатоци, „Пелистерка“ ја зголеми пратката помош за овој регион на 50 тони вода односно 35 000 шишиња.
- „Пелистерка“ има целосно разбирање за состојбата во кризниот регион и поради тоа решивме пратката помош да ја зголемиме на 50 тони вода. Водата повторно, е дистрибуирана до Центрите на „Црвен крст“ во Скопје, Штип, Кочани и Битола и е на пат до оние на кои им е најпотребна. Се надеваме дека нашата донација ќе биде од помош на загрозените семејства во регионот и дека ќе им ја олесни состојбата во овие тешки мигови. – велат од „Пелистерка“.