И ОВА СЕ СЛУЧИ: Зошто Путин го брани доларот?
Објавено во: Економија 27 Јули, 2018
Русија се обидува да ги минимизира штетите од санкциите, но сепак не се откажува од доларот, вели рускиот претседател, Владимир Путин.
Тој додава дека политичките спорови можат да влијаат негативно на американската валута.
Русија е една од земјите која поседува голем дел на американски обврзници.
Путин тврди дека Американците го користат системот на плаќање како аргумент, во политички спорови, што може да ја урне довербата во доларот.
Вели дека многу земји девизните резерви ги чуваат во друга валута, за да светската економија биде стабилна.