19 Мај, 2024
0.0299

И на патарината „Миладиновци“ од денеска електронска наплата

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

На наплатната станица Миладиновци на Коридорот 8 од денеска патарина може да се плаќа и по електронски пат со М – картичка. Електронската наплата на таа станица ќе се врши само со М-карт, но не и со М-таг како што е на останатите патарини на Коридорот 10.

Воведувањето електронско плаќање е самостоен проект на Јавното претпријатие за државни патишта.

„За да врши контрола и да се поврзе со системот на потегот Романовце – Миладиновци спроведовме проект за електронска наплата на Миладиновци со Факултетот за електротехника и информациски технологии, што изработија софтверско и хардверско решение. Направени се тестови и функционира како што треба. На видни места има обележувања дека може да се врши електронска наплата“, вели за МИА Марко Брезовски, раководител на Одделението за наплата на патарини и контрола при ЈПДП.

На почетокот на јули годинава стартуваше електронскиот систем за наплата на патарините Романовце, Отовица, Сопот и Градско на Коридор 10, како и на наплатната станица Петровец, проект што се спроведе со кредит од Европската банка за обнова и развој.

Досега се продадени 10.337 електронски картички и тагови, и со таа бројка, како што вели Брезовски, се надминати проекциите на ЈПДП.  Зголемената продажба, потенцира, е олеснителна околност во поглед на организација на работата на патарините.

Според Брезовски, во текот на месецов ќе профункционира плаќањето патарини за моторџиите со новата воведена прва категорија 1А за нив. Со воведувањето на таа категорија што е подготвена и е вметната во ценовникот на ЈПДП моторџиите треба да плаќаат поевтина патарина на сите станици на коридорите 8 и 10.

Со заем од 13 милиони евра од Европската банка за обнова и развој,  ќе се финансира надградбата за електронска наплата на петте наплатни станици на Коридорот 8, како и изградбата на три нови станици (две на автопатот Миладиновци-Штип и една на автопатот во изградба Кичево-Охрид). Покрај подобрувањата на наплатниот систем, ќе бидат инсталирани и соларни панели на сите 15 патарини со цел да се промовира поголемо користење обновлива енергија.


Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево