15 Мај, 2024
0.0250

И кучињата ќе гледаат телевизија, посебна програма само за нив

Објавено во: Стил 19 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Една кабловска телевизија во САД направи нова телевизиската програма „TV Dog“ кој е наменета исклучиво за кучињата и има за цел да ги анимира домашните миленици додека нивните сопственици се на работа. „ Сите сцени се снимани од перспектива на кучето“, објаснува продуцентот Гилад Нојман, додавајќи дека на програмата нема да има гласни звуци како пукотници и експлозии, бидејќи таквите звуци може да бидат многу иритирачки за кучињата, па звукот ќе биде специјално обработен и ќе биде пријатен за милениците. Исто така појаснува тој, кучињата гледаат сина и жолта боја, но не и зелена и црвена, па боите на „TV Dog“ ќе се приспособат на кучињата. Според истражување на мозокот на кучето, на аналогните телевизиски канали кучињата само може да го видат само треперењето на екранот. „Сепак, новите технологии како што се дигитални телевизиски и подобреното производство ја сменија перцепцијата на сликата, па кучињата добија можност да гледаат телевизија од секој дел од собата“, додаде Нојман.