18 Мај, 2024
0.0269

И богатите Кинези се помалку трошат

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Глобалната потрошувачка на најбогатите Кинези во 2013 година е намалена за 15 отсто и тоа трета година по ред, оценува кинескиот весник Хурун Репорт. Најбогатите Кинези во 2013 гоидна, купувањето на скапи подароци го намалиле за една четвртина. Ваквиот пад, меѓу другото, се толкува и како резултат на кампањите кои кинеските власти ги покренаа во борбата против корупцијата и примањето подароци во облик на мито, но исто така и како последица на се поголемата насоченост на Кинезите кон патувањата и купувањата во странство. Тоа им овозможува да избегнат плаќање на огромни даноци за луксузна стока која во Кина достигнува и до 40 отсто од прометот, пренесува весникот Трибин. Како што оценува кинескиот весник Хурун Репорт, 64 отсто од кинеските милионери, во 2013 година емигрирале или планирале тоа да го направат, додека во 2012 година, таа бројка изнесувала 60 отсто. Третина од најбогатите Кинези веќе ја напуштиле земјата. Најголем број кинески богаташи, емигрирале или сакаат да имигрираат, а една од главните причини за тоа е поголемата можност за подобро образование на нивните деца. Во 2013 година, две третини од потрошувачката за луксузна роба, кинеските граѓани ја реализирале во странство. Богатите Кинези, сега, луксузната роба ја купуваат речиси исклучиво за лична потреба, бидејќи скапите поклони на луѓето на власт се толкуваат како мито или корупција во согласност со антикорупциската кампања која Пекинг ја покрена во 2012 година. Марките, како што се Ермес, Луј Витон, Епл и Гучи и понатаму остануваат најбарани за купување на скапи подароци, се наведува во истражувањето кое го спровел Хурун Репорт. Брендовите, како Булгари, Салваторе Ферагамо и Тифани, изгубиле на популарност меѓу челниците на Комунистичката партија на Кина. Уште една од причините за падот на купувачката на луксузна роба во Кина е забавувањето на економскиот раст на втората економија во светот, но и се поголемата популарност на купувањето по пат на интернет, поради поповолните цени кои се нудат отколку во велепродажбите.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков