ХУМАНА МИСИЈА ВО ШПАНИЈА: Ресторан за богати и бездомни лица
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2017
Шпански свештеник со генијална идеја им помага на сиромашните и бездомните лица.
Во шпанската престолнина е отворен ресторанот „Робин Худ“ кој работи по принципот земи им на богатите, дај им на сиромашните.
Тој е отворен пред еден месец, а го води 80-годишниот свештеник Анхел Гарсија Родригез.
Појадокот и ручекот, кои не се баш евтини, ги плаќаат богатите гости. Во овој угостителски објект вработени се едни од најдобрите мадридски готвачи и многу од нив волонитираат еднаш неделно.
Резервациите во ресторанот се пополнети до април оваа година.
Вечерата во ресторанот е бесплатна за бездомници.
„Сакам и тие да јадат со исто достоинство како и кој било друг гостин. И со ист квалитет, во чаши од кристал, а не пластични. И во пријатна атмосфера“– вели Анхел Гарсија Родригез.
Ресторанот услужува повеќе од 100 сиромашни луѓе секоја вечер, во две смени.