05 Мај, 2024
0.0468

Хрватска и Словенија со заеднички труд ќе го внесуваат Западен Балкан во ЕУ

Објавено во: Балкан 03 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Словенија и Хрватска денеска најавија дека ќе продолжат да работат за зачленување на земјите од западен Балкан во ЕУ, со што би се придонело за зајакнување на довербата и стабилноста во регионот, јави словенечката агенција СТА.

„Словенија го поддржува процесот на проширување и јасно е дека регионот веќе и припаѓа на ЕУ. Сепак, потребно е државите од Западен Балкан да ги спроведат реформите, да изградат институции, да го зајакнат владеењето на правото и да се справат со корупцијата и организираниот криминал„, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец во Брдо кај Крањ.

Ерјавец призна дека ЕУ се соочува со многубројни предизвици, како што се миграцијата, тероризмот и Брегзитот, но нагласи дека процесот на проширување мора да остане клучна цел на Унијата.

– Не можеме да замислиме постоење на „зелена зона“ на територијата на Европа. Уверени сме дека стабилен западен Балакан придонесува за стабилноста на цела ЕУ, порача Ерејавец од Брдо кај Крањ, каде денеска се одржува Самит на претседателите на земјите опфатени со процесот „Брдо-Бриони“.

Хравтскиот министер за надворешни работи Давор Иво Штир, кој исто така присуствува на собирот во Брдо кај Крањ, оцени дека е многу значајно да се задржи кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ.

– Државите кои сакаат да станат членки на ЕУ мораат да ги спорведат реформите, но кога ќе бидат исполнети критериумите, вратата за членство мора да биде отворена, рече Штир.

Тој нагласи дека ќе тежнее проширувањето да се одржи на дневниот ред на ЕУ, додавајќи дека тој процес всушност повеќе е „консолодација на Европа, отколку проширување“.

На Самитот во Брдо кај Крањ присуствуваат и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и шефот на дипломатијата Никола Димитров.


Можеби ќе ве интересира

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ПРЕСУДА ЗА МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“ МОЖНА Е ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА?! Еве што кажа адвокатот на семејствата на убиените ученици

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница