19 Мај, 2024
0.0260

Хрватите казнуваат: Кој се шета во костим за капење во овој град-казна 600 евра

Објавено во: Балкан 10 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Како што тоа и претходно го најави, хрватскиот градоначалник Рикардо Новак им објави војна на разголените туристи и голотија на улиците во својот град.

На влезот во Хвар овој викенд осамна табла со предупредување до гостите и казните кои ги очекуваат во случај на непримерно однесување.

Кој низ градските улици шета во костим за капење, ќе плати до 600 евра, жените во горен дел од костум за капење и мажи со голo торзо до 500 евра,а оној кој се „влече“ по улица со шише во рака и пијан лежи на улица ќе плати казна до 700 евра.


Градоначалникот на Хвар Рикардо Новак неодамна ги прозва бротанските туристи поради пијанчење и разголеност.

„Повраќаат низ град, уринираат на секој ќош, одат без маичка, спијат на градски површини, лутаат наоколу и не знаат за себе“, рекол Новак во интервју за Слободна Далмација.

„Се има свои граници. Угостителите не би требало да ги примаат голи во своите објекти и треба да престанат да им точат алкохол ако видат дека испиле премногу“, смета градоначалникот на Хвар.


Новак рекол дека Хвар не сака да биде исклучиво парти дестинација.

„Младите туристи се добредојдени, но ќе мора да знаат како се однесува овде. Заработка по секоја цена не е туризам каков што сакаме на островот“, рекол Новак.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел