13 Мај, 2024
0.0247

Хрват заработил милиони од обложување

Објавено во: Стил 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Марио Милиќна неговата сметка има милиони куни иако нема ниту еден ден работен стаж. Овој професионален обложувач седум години заработува големи суми на пари од обложување, најмногу на ракомет, тенис и кошарка. - Со обложувањето ме запозна мојот покоен пријател Живко Качуниќ наречен Месар, кој ми позајми 40.000 куни. Ги размножив во неколку милиони, вели Марио, кој пред неколку години успеал да купи стан во центарот на Сплит. Вели дека работи по 12 часа на ден и дека обложувањето е тешка работа. Поради големите добивки го нарекуваат Цар, а се најде на мета на хрватските и англиските "букмејкери". - Ја тужам обложувалницата Derby бидејќи не сака да ми исплати 260.000 куни. Со Stanley bet имам спор за околу 250.000 куни, а сега англиската интернет обложувалница Sporting ми забрани да се обложувам. На англичаните им зедов околу 300.000 евра. Ми ги исплатија добивките со предупредување дека играм сомнителни натпревари, но пред два месеци ме обвинија дека ширам играчка мрежа. Дури и ми се заканија со ликвидација, изјавил Милиќ.