Христијан Мицкоски заразен со коронавирусот
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2021
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е заразен со коронавирусот.
Тој на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19
„По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот Ковид-19. Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина!“, пишува тој.
Заразени се и градоначалниците на Центар, Саша Богдановиќ, на Прилеп Илија Јованоски и на Крушево, Томе Христоски. Деновиве во Македонија дневно има над 500 заразени. Најголем дел од заразените се со британскиот сој на коронавирусот.