Хотели „Метропол“ купија сопствени акции
Објавено во: Економија 22 Јуни, 2016
„По извршениот откуп Друштвото поседува вкупно 8.267 сопствени акции, што претставува 0,80 % од основната главнина“- стои во соопштението објавено на Македонската берза.
Согласно Одлуката Бр.02-180/12 за стекнување сопствени акции со откуп донесена на Собрание на акционери на 17.05.2016 година, „Хотели Метропол“ на 15 јуни 2016 година преку трговска трансакција на Македонска Берза АД Скопје изврши откуп на 157 сопствени акции, соопшти компанијата.