05 Мај, 2024
0.0832

ХИТ - Ѓоковиќ ги насмеа Станковиќ и Алегри: „Бразил? Ќе морам да ја прашам жена ми“ (ВИДЕО)

Објавено во: Спорт 16 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Стефанос Циципас во првото коло од групната фаза на завршниот Мастерс во Торино, а неговиот меч од трибините го следеа фудбалските стручњаци Дејан Станковиќ и Масимилијано Алегри.

Дејан Станковиќ остави белег на Чизма по заминувањето од Црвена звезда. Не му цветаат рози на легендарниот српски фудбалер на клупата на Сампдорија и нема сомнеж дека паузата добро ќе дојде!

Од друга страна, Новак Ѓоковиќ блеска, а од трибините во Торино ја имаше поддршката од Станковиќ и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри! Ѓоковиќ разговараше со двајца фудбалски стручњаци, а потоа се спомена мечот меѓу Бразил и Србија на Мундијалот!

Зборуваа за фудбал, а за тоа дали Новак ќе оди во Катар на 24 ноември и дали ќе ја бодри Србија од трибините на мечот со Бразил, даде интересен одговор.

- Морам да побарам дозвола од сопругата – изјави Новак и ги насмеа сите!


На 18 ноември од 16 часот и 30 минути орлите ќе имаат тренинг против Бахреин, а потоа ќе патуваат за Катар! Србија првиот меч го игра на 24 ноември (20 часот) против Бразил, четири дена подоцна (11 часот) следува меч со Камерун, а на 2 декември (20 часот) со Швајцарија.


Фото и Видео: Инстгарам