Хируршки маски нема во аптеките
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2020
Хируршки маски нема во аптеките, во период кога властите излегоа со препораки за заштита од опасниот коронавирус.
Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека Министерството за здравство има доволно маски.
Во дел од аптеките велат дека секој втор граѓанин купувал, дека има голема побарувачка и затоа ги нема.
Но, препораките генерално се дека тие не штитат и нема потреба од нив.