01 Мај, 2024
0.0280

ХИРУРГОТ ЈОТА ПОВЕЌЕ НЕ Е ВО КОМА: Состојбата му е подобрена, кажа д-р. Мојсова

Објавено во: Македонија 04 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Хирургот Ѓорѓи Јота кој беше прегазен од страна на 16-годишно момче и кој поради тешките повреди на мозокот веднаш беше хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, веќе е во подобра здравствена состојба.

Раководителката на КАРИЛ, доц. д-р. Маја Мојсова за Фактор информира дека професорот е разбиден од кома.

-Неговата состојба е подобрена. Не е повеќе на респиратор, но попради сериозните повреди на мозокот, останува на понатамошно интензивно лекување, изјави д-р. Мојсова.

Претходно, Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека професорот Јота по силниот удар на возилото БМВ ХБ се здобил со тешки повреди, односно дека има нагмечување на мозокот и на белите дробови, и дека беше поставен поставен на респираторна машина.

Тешката сообраќајна несреќа ја предизвика малолетник вечерта на 25 февруари околу 20.30. Хирургот Јота си заминувал од работа.

Патничко возило „БМВ ХБ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Сингелиќ удрило во него. Малолетникот се обидел да избега, но набргу кај трговскиот центар Рамстор бил запрен и фатен. Не се знае точно со колкава брзина возел и тоа допрва ќе се вештачи. Шестнаесетгодишното момче е приведено во полиција. Во согласност со Кривичниот законик предвидена е затворска казна од една до пет години. Во случајот станува збор за малолетник, па според законот тој може да добие и воспитно-поправна мерка и надзор од Центар за социјална работа, место малолетнички затвор. Него ќе му се суди според Законот за право на детето бидејќи тој нема наполнето 18 години.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија