17 Мај, 2024
0.0379

HERBALIFE и федералната комисија за трговија постигнаа договор за спогодба

Објавено во: Мои пари 21 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Глобалната нутриционистичка компанија Herbalife Ltd. (скратено, HLF) („Herbalife“ или „Компанијата“) објави дека постигнале договор за спогодба со Федералната комисија за трговија („ФКТ“ или „Комисијата“) и со тоа ја затворија повеќегодишната истрага на компанијата од страна на ФКТ. Одредбите од спогодбата не го променуваат бизнис моделот на Herbalife како компанија за директна продажба  и поставуваат нови стандарди за индустријата. Со договорот за спогодба, кој беше објавен денеска, се завршува истрагата врз Herbalife од страна на ФКТ.

Herbalife и државниот обвинител на Илиноис исто така постигнаа договор за спогодба и Компанијата се согласи да исплати 3 милиони УСД како дел од оваа одделна спогодба. Со затворањето на истрагата во Илиноис, Компанијата нема податоци за какви било други активни истраги од каков бил друг државен обвинител на сојузна држава во САД.

„Спогодбата е признание дека нашиот бизнис модел е издржан и ја истакнува нашата доверба во нашите способности успешно да продолжиме понатаму, во спротивно немаше да се согласиме со одредбите,“ изјави Мајкл О. Џонсон, претседавач и генерален извршен директор на Herbalife.

Иако Компанијата е убедена дека многу од наводите од страна на ФКТ се фактични неточни, Компанијата верува дека спогодбата е во нејзин најдобар интерес поради тоа што финансиските трошоци и одвлекувањето на вниманието поради одолговлекување на судскиот процес би биле значителни и по повеќе од две години соработка во истрагата на ФКТ, Компанијата сакаше едноставно да продолжи понатаму. Понатаму, менаџментот на Компанијата сега може да ја насочи целата енергија кон градење на бизнисот и истражување на деловни можности што се од стратешко значење.

Бордот директори на Компанијата („Бордот“) едногласно ги одобри спогодбите и доброволно основа Комитет за надзор на бордот („Комитетот“) што ќе обезбеди потполно исполнување на одредбите од спогодбата. Бордот, исто така го назначи Џонатан Лејбовиц, партнер во адвокатската компанија Дејвис, Полк и Вардел и поранешен претседавач на ФКТ, за висок советник во Бордот. Г. Лејбовиц ќе биде одговорен за советување на Комитетот за имплементацијата и предметите поврзани со исполнување на одредбите од спогодбата. Бордот, исто така, го назначи Хенри Ванг, кој во моментот е генерален правен застапник и главен државен службеник за исполнување на правните норми, да раководи со напорите за имплементација на Компанијата, и директно за овие предмети да го известува Комитетот. Понатаму, Памела Џонс Харбор, во моментот виш заменик-претседател за глобалните практики на членството и поранешен комесар во ФКТ, беше назначена за надзор на имплементацијата на новите дистрибутерски иницијативи што компанијата треба да ги имплементира.

Комитетот за надзор ја дополнува постојаната обврска на Бордот да биде лидер во индустријата додека постојано ги подобрува заштитата на потрошувачите и нивното задоволство од компанијата. Во изминатите неколку години, Бордот ангажираше експерти во полето на заштита на потрошувачите за да ги советуваат за исполнување на регулативите и најдобри практики што доведоа до многу од подобрените мерки за заштита што беа претходно имплементирани и што со денешната спогодба се прошируваат.

Одредбите на спогодбата се единствено важечки за продажбата на Компанијата во САД, што сочинува вкупно 20 % од вкупната нето продажба. Во склоп на спогодбата, Компанијата се согласи со нови процедури и збогатување на некои од политиките што веќе постојат. Многу од одредбите со кои се согласивме веќе се разгледуваа од Компанијата или се продолжување на практиките што веќе постојат и што ќе се имплементираат во наредните 10 месеци. Двете основни компоненти на спогодбата се:

  1. Тие што во моментот се членови на Herbalife и тие што ќе се придружат во иднина ќе бидат категоризирани или како претпочитан член (тој што ќе стане претпочитан член ќе може да купува производи на попуст) или дистрибутер (тој што ќе гради бизнис и ќе продава производи преку директна продажба). Оваа ќе овозможи Herbalife подобро да ги следи двете групи и да обезбеди индивидуализирано искуство за овие личности.
  2. Дистрибутерите ќе добиваат компензација врз основа на успехот од малопродажбата и ќе треба да обезбедат сметки за нивните трансакции. Нивната компензација исто така ќе се заснова на купувањето производи за лична потрошувачка во дозволените граници. Од независните дистрибутери на Herbalife во моментот се бара да ги чуваат сметките од трансакциите. Со напредокот во мобилната технологија, следењето на малопродажбата сега е дури и полесно и Компанијата веќе разви сопствени технолошки решенија вклучувајќи и апликација за мобилен телефон во САД со цел да го направи процесот што е можно поефикасен.

Други одредби на коишто Компанијата се согласи беа: да вклучи поголема обука за дистрибутерите, потребен бизнис план и едногодишен период на чекање пред отворањето на нутриционистички клуб, продолжување на времето за кое дистрибутерот може да го врати почетниот Пакет за Членство, плаќање на сите трошоци поврзани со враќањето на производите, забрана за автоматско испраќање производи, ревизија од независна трета страна и зголемување на заштитата околу тврдењата за приходите вклучувајќи повеќе конкретни информации околу тврдењата за начинот на живот.

Уште повеќе, како што беше и случајот со одлуката на ФКТ за Амвеј во 1979 (во случајот Amway Corporation Inc., et. Al.) Компанијата очекува дека процедурите што беа предмет на согласност сега ќе бидат насока за целата мултилевел маркетинг индустрија за директна продажба. Затоа, Компанијата верува дека иако некои од дополнителните одредби нема да имаат значително влијание врз Компанијата, сепак овие одредби ќе ги подобрат политиките во индустријата. На пример, Компанијата воведе построги правила за заштита на потрошувачите во однос на автоматското испраќање производи пред неколку години и таа практика денеска претставува помалку од 1% од вкупната продажба на Компанијата. Слично на ова, само 0,02% од сите Herbalife производи во САД се враќаат на Компанијата, така што плаќањето на трошоци за испорака во врска со вратените нарачки се очекува да има минимално влијание. Иако трошоците поврзани со соодветните промени се очекува да бидат незначителни за Herbalife, тие најверојатно ќе доведат до значителни промени во индустријата.

Понатаму, како што претходно беше споменато во соопштението на Компанијата за јавноста, објавено на 5 мај 2016 г. Herbalife исто така се согласи да плати 200 милиони УСД на ФКТ, во согласност со спогодбата.

Компанијата дополнително објави дека ги овласти Карл К. Икан од Icahn Enterprises Holdings L.P. и одредени сродни компании (колективно „Икан компании“) да ја зголемат нивната максимална сопственичка позиција во Herbalife до 34,99 % од обичните акции во оптек на Компанијата од претходниот максимум од 25 %. Икан компаниите моментално поседуваат 17 милиони обични акции на Herbalife што претставува приближно 18,3 % од обичните акции на Компанијата што се во оптек. Тринаесетчлениот Борд на директори на Herbalife ќе продолжи да ги вклучува петте членови назначени од Икан компаниите.

„Отсекогаш сум верувал во цврстите темели на Herbalife и задоволен сум што Бордот одлучи да го зголеми мојот сопственички лимит од 25 % на 34,99 % од обичните акции на Компанијата. Значителен дел од мојот инвестициски успех е директно поврзан со нашето темелно инвестициско истражување и разбирање на често сложените и уникатни проблеми со кои се соочуваат компаниите,“ изјави Карл Икан. „Имам најголема доверба во генералниот извршен директор на Herbalife, Мајкл Џонсон и целиот менаџерски тим, што вешто ја водеа Компанијата низ тешкотиите, вбројувајќи го тука и цврстиот став за време на агресивната кампања за односи со јавноста против Компанијата што ја водеше Бил Акмен каде што повеќе од еднаш имаше наводи дека Компанијата ќе биде затворена. Очигледно, уште сме тука.“

Американската економија е полна со луѓе што бараат дополнителен приход и тие што избираат да ги продаваат Herbalife производите не се поразлични. Компаниите како Uber, Airbnb и Etsy им нудат на вредните луѓе можност да стекнат дополнителен приход со ниски бариери за влез и флексибилност да работат според нивни услови. Само во САД има повеќе од 18 милиони директни продавачи и повеќе од 156 милиони потрошувачи што купуваат производи од нив. Суштината на целата американска индустрија за директна продажба од 35 милијарди УСД е да им даде можност на луѓето да си бидат самите свои шефови, да си го кројат сопствениот распоред и сами да си ги носат одлуките. Компанијата верува дека оваа спогодба ќе ја зајакне и подобри оваа важна индустрија.

Задоволството на потрошувачите од нутриционистичите производи и услуги на Herbalife e од најголема важност и како сите добри компании, Herbalife разви некои од своите најважни политики во изминатата деценија за да се увери дека потрошувачите и повеќе од 4 милиони претпочитани членови и независни дистрибутери го имаат најдоброто искуство што може да го имаат. Herbalife останува посветен на работата со сите клиенти и независни дистрибутери со цел да обезбеди исклучително искуство и да продолжи  посветено да ги заштитува потрошувачите.

Како што Компанијата го затвора ова поглавје и се надева на иднина што ветува, се надева дека тие што ги продаваа акциите на Компанијата по пониска цена конечно ќе разберат дека нивната теза е погрешна и се сведува на погрешни информации, и дека Компанијата ќе ја издржи која било кампања за манипулација на пазарот, дури и таа што без преседан траеше повеќе од три години и го чинеше еден милијардер кој евтино ги продаде акциите стотици милиони долари покрај значителната штета на неговата репутација и загубата на кредибилитетот кај инвеститорите.

За повеќе информации, посетете го www.Herbalife.com/StrongerThanEver.

За Herbalife:

Herbalife e глобална нутриционистичка компанија што на луѓето им го менува животот од 1980 г. со одличните производи. Нашите нутриционистички производи, производи за регулирање на  тежината, за енергија и фитнес и за лична нега им се достапни исклучиво на и преку посветените независни Herbalife дистрибутери во повеќе од 90 земји. Посветени сме на борбата против лошата исхрана и прекумерната тежина на светско ниво со тоа што нудиме висококвалитетни производи, со обука „еден на еден“ со дистрибутер на Herbalife и заедница што ги инспирира потрошувачите да водат здрав и активен начин на живот.

Компанијата има над 8.000 вработени во светот и со нејзините акции се тргува на Берзата во Њујорк (NYSE: HLF) со нето продажба од 4,5 милијарди УСД во 2015 г. За да дознаете повеќе посетете го Herbalife.com или IAmHerbalife.com.

Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени